ОД 4 ДО 7 ЈУНИ ОВАА ГОДИНА ВО ОХРИД
XVI КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ И СТОМАТОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Македонското лекарско друштво објави дека во Охрид од 4 до 7 јуни оваа година ќе се одржи XVI конгрес на лекарите и стоматолозите на Македонија. Според програмата главни теми на Конгресот ќе бидат анемиите; ургентните состојби во медицината и стоматологијата; фактори на ризик во медицината и стоматологијата и судско медицинска експертиза во правната постапка. На крајот е оставен простор и за слободни теми.