ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ
Во Предлог-законот остануваат непроменети одредбите околу акредитацијата и реакредитацијата на докторите како услов тие да бидат поттикнати да се вкучат во сопствено професионално усовршување и да се обезбеди нивните амбуланти да го задоволуваат минимумот пропишани стандарди.
Со Законот се предлага воведување на два вида на лиценци: основна лиценца и лиценца за работа.
Основната лиценца ја добиваат здравствените работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата по завршувањето на приправничкиот стаж и положувањето на стручниот испит со што овие лица се здобииваат со можност да работат само под надзор на друго овластено лице. Приправничкиот стаж всушност е шестмесечен период на практична обука по дипломирањето на соодветната високообразовна институција кој е неопходен за да се пристапи кон полагање на стручниот испит. По спроведувањето на стручниот испит докторот добива увререние со кое се потврдува дека го положил испитот.
За да се стекнат со лиценца за работа лекарите и стоматолозите задолжително специјализираат една од гранките на специјализациите што се пропишани со подзаконски акти. Освен тоа, а по добивањето на лиценцата за работа, која се добива за определен временски период, потребно е за нејзино обновување и продолжување докторите да ги исполант условите пропишани со законот. Имено, потребно е да потврдат дека во периодот на важноста на лиценцата за работа ги постигнале и ги одржуваат потребните стандарди за вршење на праксата односно дека ги следат новините во медицината, стоматологијата или фармацијата, го унапредуваат своето знаење преку различни форми на доедукација и најмалку 60% од периодот на важноста на лиценцата за работа да работат во дејноста за која имаат лиценца за работа. Истовремено се дава законско овластување на надлежните комори да ги издаваат обновуваат, продолжуваат и одзмаат лиценците и да водат регистри на лиценцираните лекари, стоматолози, односно фармацевти. Освен тоа, на коморите им се дава и овластување да признаваат лиценци издадени во странство под услови приопишани со овој закон.
Со Предлог-законот се создава и законска можност за започнување и спроведување на процесот на трансформација на јавниот здравствен сектор. Трансформацијата со овој закон се предлага во две насоки:
1. Приватизација на постојните јавни аптеки по пат на продажба и
2. Можност за издавање на простор и опрема од јавните здравствени организации заради вршење на фармацевтска дејност на оние јавни аптеки кои нема да се приватизираат и вршење на примарна стоматолошка дејност од страна на вработените во тие организации.