Во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување
МЕСТО Д-Р СИЛЈАНОВСКИ, Д-Р НАУМОСКИ
Заради деакумулација на функциите д-р Никола Силјановски, во меѓувреме кандидат за директор на Клиниката за хематологија, поднесе оставка од функцијата член на Управниот одбор на Фондот за здравствено сигурување. На последната седница на Извршниот одбор наместо д-р Никола Силјановски беше одлучено за нов член на Управниот одбор да беше предложен д-р Сташо Наумоски од Прилеп, претседател на Собранието на Лекарската комора на Македонија.





