Лекарска комора домаќин на 28-от ЗЕВА Симпозиум
Лекарска комора на Република Северна Македонија беше домаќин на 28 - от ЗЕВА Симпозиум, меѓународен собир од висока важност и значење на кој учествуваа највисоките претставници на лекарските комори и здруженија од 17 земји од Централна и Источна Европа. Главна тема на настанот беше „Медицински комори и Ковид-19 во 2021 година: Промена на задачите и нови перспективи “ .
Лекарската комора домаќин на 27-от Симпозиум на ЗЕВА: Коморите и професионалните асоцијации мора да бидат поактивни во давањето стручни сугестии на владите во борба со ковид-19
Со изнесување на своите национални извештаи за ковид состојбата кај земјите членки на ЗЕВА на Симпозиумот се преставија националните искуства, како и нивните планови и стратегии во врска со ковид инфекцијата.
ЛКМ на Симпозиум на ZEVA во Будимпешта
Делегацијата на Лекарската комора на Македонија предводена од Претседателката доц. д-р Калина Гривчева Старделова, д-р Џабир Бајрами претседател на Собранието на Комората и д-р Илберт Адеми член на Извршниот одбор на Комората присуствува на 26 -от Симпозиум на ЗЕВА во Будимпешта, Унгарија
ЛКМ на 25 Симпозиум на ZEVA во Прага
Претседателката на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева- Старделова на 25-тиот Симпозиум на Зева во Прага, Чешка денес го презентира Националниот извештај за Р.Македонија пред своите колеги од земјите членки на оваа асоцијација
Претседателката Гривчева - Старделова и Заменикот на претседател Бесими на ЗЕВА во Љубљана
Претседателката на Лекарската комора на Македонија, д-р Калина Гривчева - Старделова и заменикот на претседателот д-р Илбер Бесими, учествуваат на 24 ЗЕВА симпозиум на лекарските комори од Централна и Источна Европа што вчера започна во Љубљана, Р. Словенија.
XVII СИМПОЗИУМ НА КОМОРИТЕ НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
МАКЕДОНИЈА И ЛКМ ПО ВТОР ПАТ ДОМАЌИНИ
Од 30 септември до 2 октомври Лекарската комора на Република Македонија ќе биде домаќин на претставниците на лекарските комори на централна и источна Европа. Средбата ќе се одржи во Скопје во хотелот „Холидеј Ин”.
ИСПРАТЕНА ПРВАТА ПОКАНА ЗА ЗЕВА
По посетата на делегацијата на Германската медицинска асоцијација и седницата на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа утврдени термините и главната тема за годинешниот состанок на Симпозиумот на лекарските комори од Централна и Западна Европа (ЗЕВА). Притоа беше договорeно средбата на ЗЕВА да се одржи во Скопје и тоа од 30 септември до 2 октомври.