Регистар на доктори
Лекарска комора води Регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци за работа на здравствени работници со високо образование од областа на медицината согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци за работа на здравствени работници со високо образование од областа на медицината.
Ажурирање на податоци во Регистарот
Лекарската комора, согласно законската регулатива, податоците за своите членови може и смее да ги прибира само од своите членови. Членовите на ЛКРСМ се должни редовно да ја ажурираат секоја промена на личните податоци, како што се промена на презиме, работно место, адреса на живеење и сл., за да може да се обезбеди континуирана комуникација меѓу Комората и членовите, што е особено важно за навремено остварување на нивните права.
Точните податоци се неопходни и за реализацијата на програмските активности на Комората, водење на прецизна евиденција во единствениот Регистар на доктори на Република Северна Македонија, известување за календарот на акредитирани стручни активности, доставување на списанијата и други информативни и печатени материјали, како и други најразлични корисни информации или информации за спроведувањето на различни проекти кои се од суштинско значење за докторската професија.
Упатство за електронски увид и ажурирање на податоците во Регистарот на доктори
Во насока на олеснување на ажурирањето на податоците, од пред една година, функционира и Порталот за лекари кој овозможува електронски пристап до Регистарот преку кој на брз и едноставен начин може да направите увид и промена податоците.
Постапка за електронски увид и ажурирање на податоците во Регистарот на доктори:
Пристапете на страната https://portal.lkm.org.mk.
- Најава во регистарот
Сите доктори кои поседуваат активна лиценца за работа веќе се регистрирани во електронскиот Регистар и затоа не треба да се регистрираат одново, туку да се логираат.
Во Регистарот се најавувате со вашето „корисничко име“ и „лозинка“.
Вашето корисничко име е вашата контакт мeјл адреса која сте ја навеле при регистрација во Комората, а вашата лозинка се последните 6 (шест) броеви од вашиот матичен број. Доколку не знаете која мејл адреса сте ја навеле при регистрирање во Регистарот или истата повеќе не е активна, ве молиме да се јавите во тек на работното време на тел. број 02 322 5590, локал 111 за да се направи ажурирање.
- Увид во вашето досие
Со притискање на копчето „Логирај се“ се вклучувате во вашето досие. Во полето "Лични податоци -> Мои податоци" пристапувате до вашите податоци кои ги имате оставено при запишување во Регистарот.
- Измена на лични податоци
Доколку од која било причина, информациите во вашето досие не се соодветни и има потреба од измени, во полето "Поднесување на барања" изберете "Пријава за ажурирање на податоци во Регистарот", пополнете во полето на оној податок кој треба да се измени и кликнете на "Сними". На тој начин автоматски ќе биде испратен меил до стручната служба во Комората, по што ќе бидат корегирани податоците во вашето досие.
- Членување во ЛК
- Приправнички стаж
- Стручен испит
- Регистар на доктори
- Лиценци
- Членарина
- Членски карти
- Поволности за членови