28.03.2003
28.03.2003
НА 5 АПРИЛ БРЗОПОТЕЗЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР
По повод седми април-Светскиот ден на здравјето на 5 април во Скопје ќе се одржи поединечен брзопотезен шаховски турнир на вработените во здравството во Република Македонија. Традиционалниот турнир кој се организира по седми пат ќе се одржи во просториите на Домот на Армијата на Република Македонија во Скопје. Почетокот е закажан за десет часот со тоа што претходно во 9 часот ќе се изврши регистрација и уплата на котизацијата (100 денари) а потоа и извлекувањето на броевите. Прогласувањето на победниците ќе биде во 14.30 часот.
Како по традиција и овој пат главен судија ќе биде интернационалниот мајстор Димче Илиевски.
Пријавувањето за учество на турнирот е до 3 април 2003 година на телефоните 02 238 537, 02 283 538 и 070 266 822.