Приправнички стаж
Доктор на медицина кој има завршено шестгодишни, односно петгодишни студии од областа на медицината на високообразовна институција во земјава или во странство, потребно е да има завршено приправнички стаж (пробна работа) како услов за полагање на стручен испит.
Приправничкиот стаж се спроведува во здравствените установи согласно Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж на здравствените работници со високо образование.
Потребни документи за пријава за вршење приправнички стаж:
- Уверение за завршен Медицински факултет - фотокопија
План и програма за спроведување приправнички стаж
Приправничкиот стаж (пробна работа) за здравствените работници со високо образование од областа на медицината кои завршиле петгодишни студии трае една година, додека за здравствени работници со високо образование од областа на медицината кои завршиле шестгодишни студии трае шест месеци.
План и програма за приправнички стаж за доктори на медицина кој трае шест месеци:
- Примарна здравствена заштита - 30 дена
- Интерна медицина - 45 дена
- Хирургија - 30 дена
- Педијатрија - 45 дена
- Гинекологија и акушерство - 30 дена
План и програма за приправнички стаж за доктори на медицина кој трае една година:
1. Општа медицина - 60 дена
2. Група интерна медицина:
- интерна медицина - 30 дена
- инфективни болести - 20 дена
- пулмофизиологија - 15 дена
- дерматовенерологија - 10 дена
- невропсихијатрија - 10 дена
- трансфузиологија - 10 дена
3. Група хирургија:
- општа хирургија со трауматологија - 30 дена
- оториноларингологија - 10 дена
- офталмологија - 10 дена
4. Група заштита на жени, деца и младина:
а) акушерство:
- диспанзер за жени - 15 дена
- породилиште - 30 дена
б) заштита на деца и младина:
- диспанзер за деца и младина - 30 дена
- стационарно лекување - 15 дена
5. Група превентивна медицина:
- хигиена - 15 дена
- епидемиологија - 15 дена
- медицина на трудот - 15 дена
- социјална медицина со организација на здравствената дејност - 15 дена
6. Судска медицина - 10 дена
Приправнички стаж спроведен во странство
Приправничкиот стаж (пробна работа) кој докторот на медицина го спровел во странство може да биде делумно или целосно признаен од страна на Лекарската комора ако програмата за поминатиот стаж не отстапува од програмата за приправничи стаж утврдена според Правилникот за приправнички стаж.
Потребни документи за признавање на приправнички стаж спроведен во странство:
- Личен стажантски картон со потпис и печат од соодветен факултет - превод на македонски јазик - копија заверена на нотар;
- План и програма за пробна работа од земјата во којашто е спроведен стажот со потпис и печат од соодветниот факултет - превод на македонски јазик – копија заверена на нотар.
Кандидатот кој завршил медицински факултет во странство дополнително потребно е да достави и:
- Одлука/Решение за признавање на високо образование од Министерство за образование и наука на РСМ - копија заверена на нотар;
- Диплома од завршен медицински факултет - копија заверена на нотар
- Диплома од завршен медицински факултет - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар.
- Членување во ЛК
- Приправнички стаж
- Стручен испит
- Регистар на доктори
- Лиценци
- Членарина
- Членски карти
- Поволности за членови