Членување во Лекарска комора
Членувањето во Лекарската комората е право и должност на сите доктори на медицина кои вршат докторска дејност на територија на Република Северна Македонија, вклучително и странски државјани.
Во Комората може да членува и доктор на медицина кој вршел докторска дејност на територијата на Република Северна Македонија, невработен доктор на медицина, доктор на медицина кој е вработен надвор од здравствениот систем и доктор на медицина - странски државјанин кој престојува и привремено врши здравствена дејност во Република Северна Македонија и има лиценца издадена од Комората.
Права на членовите на Лекарска комора
Членовите на Комората ги имаат следните права:
- Право да ги бираат органите и телата на Комората и правото да бидат избрани;
- Право на советодавно-правна помош за прашања од стручна и професионална природа;
- Право на стручно-медицински совети и поддршка;
- Право да ги користат бенефициите што ги договорила Комората со други правни и физички лица;
- Право на парична помош на член на Комората во согласност со актите на Комората;
- Право на бесплатен примерок на гласилото на Комората.
Обврски на членовите на Лекарска комора
Членовите на Комората ги имаат следните обврски:
- Обврска за почитување и придржување кон сите прописи донесени од органите на Комората, особено кон Кодексот за медицинска етика и деонтологија и Статутот на Комората;
- Обврска за почитување на актите донесени од органите на Комората;
- Обврска да ја известат Комората за сите промени во вработувањето, образованието, професионалниот, научниот и образовниот напредок, како и промените на личните податоци во согласност со актите на Комората;
- Обврска за обезбедување на информации потребни за правилно спроведување на активностите на Комората;
- Обврска да соработуваат и учествуваат во стручен надзор во согласност со актите на Комората;
- Обврска редовно да ја плаќаат членарини и сите други финансиски обврски што произлегуваат од членството во Комората;
- Други обврски што произлегуваат од Статутот и актите на Комората
Престанок на членство во Лекарска комора
Членството во Комората престанува во случај на:
- Трајно одземање на лиценцата;
- Времено одземање на лиценцата;
- Барање на член на Комората;
- Смрт на членот на Комората.
- Членување во ЛК
- Приправнички стаж
- Стручен испит
- Регистар на доктори
- Лиценци
- Членарина
- Членски карти
- Поволности за членови
Настани
/upload/records/974/20241029_110756_LKM broj 124_vox medici.pdf ok n.pdf