Стручен испит
По завршување на приправничкиот стаж (пробна работа) докторот на медицина најдоцна во рок од една година должен е да полага стручен испит за да може да се стекне со лиценца за работа. Процесот на полагање на стручниот испит и издавањето на лиценца за работа се регулирани со Правилник за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на основна лиценца.
Пријавувањето и полагањето на стручниот испит се организира согласно Календарот за полагање на стручен испит.
Потребни документи за полагање стручен испит:
- Пријава за полагање стручен испит
- Диплома/Уверение за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
- Приправничка книшка пополнета и заверена согласно Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж - копија заверена на нотар;
- Уверение за државјанство - оригинал или копија заверена на нотар;
- Уплатен надоместок за полагање стручен испит.
Кандидатот кој завршил медицински факултет во странство дополнително e потребно да достави и:
- Одлука/Решение за признавање на високо образование од Министерство за образование и наука на РСМ - копија заверена на нотар;
- Диплома за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
- Диплома за завршен медицински факултет - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар.
Од јуни 2024 година писмениот дел од испитот се полага на компјутер, преку посебен програм што генерира тест со испитни прашања и понудени одговори. На интернет страницата на Лекарска комора е достапна обновена база на испитни прашања, со што докторите добиваат подобра поддршка за подготовка за полагање на стручен испит. Испитните прашања во базата се поделени во шест области, а тестот ќе биде составен од 120 прашања од сите области. Кандидатите имаат рок од 150 минути за да ги одговорат прашањата, а тестот се смета за положен доколку се точно одговорени 60% од прашањата. Со новиот начин на полагање резултатот од тестот се генерира веднаш, откако ќе бидат одговорени прашања.
За практичниот дел од испитот, однапред се подготвени студии на случај што кандидатот ќе ги добие на самото полагање. Врз основ на симптоми и анамнеза на пациентот од студијата, кандидатите ќе треба да дадат насоки за медицински испитувања што треба да се направат, да постават диференцијална дијагноза, да дадат препорака за понатамошен третман, со што ќе можат практично да го демонстрираат своето знаење.
Усниот дел од испитот останува е со фокус на проверка на знаењата за етичките аспекти на професијата.
Испитни прашања
Испитни прашања на македонски јазик
Испитни прашања на албански јазик
Признавање стручен испит положен во странство
За признавање на стручен испит положен во странство со доставуваат на следните документи:
- Барање за признавање на стручен испит положен во странство
- Изјава – заверена на нотар
- Одлука/Решение за признавање на високо образование од Министерството за образование и наука на РСМ - копија заверена на нотар
- Диплома за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар
- Диплома за завршен медицински факултет - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар
- Уверение за државјанство – оригинал или копија заверена на нотар
- Личен стажантски картон - копија заверена со потпис и печат од соодветниот факултет - превод на македонски јазик
- План и програма од положениот стручен испит во странство- копија заверена со потпис и печат од соодветниот факултет - превод на македонски јазик
- Протоколи од положениот стручен испит - копија заверена со потпис и печат од соодветниот факултет - превод на македонски јазик
Испитна комисија
Листа на акредитирани доктори за членови на испитна комисија
Испитните комисии пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит се состојат од седум члена. За член на испитната комисија се определува доктор на медицина, согласно Програмата за приправнички стаж, акредитиран од Комисијата за стручни прашања на Лекарската комора, кој не бил поврзан со обуката на кандидатот за време на спроведувањето на приправничкиот стаж. Акредитацијата на испитувачите трае две години.
За член на испитната комисија може да се акредитира доктор на медицина кој ги исполнува следните критериуми:
- Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на РСМ;
- Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во: проекти, стручни/или научни колегиуми, односно одбори во институции, или здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување;
- Доказ за искуство во настава и/или оценување.
Во составот на комисиите покрај доктори на медицина членуваат и правници. За член на испитна комисија може да се акредитира правник кој го исполнува следниот критериум:
- Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството - потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организации од областа на здравството (Министерство за здравство, медицински факултет, МАНУ и слично).
- Испитни прашања
- Испитни прашања на македонски јазик
- Испитни прашања на албански јазик
- Признавање стручен испит положен во странство
- Испитна комисија
- Членување во ЛК
- Приправнички стаж
- Стручен испит
- Регистар на доктори
- Лиценци
- Членарина
- Членски карти
- Поволности за членови