КОМОРАТА ЧЛЕНКА НА ЕФМА
Оваа информација ја доби Лекарската комора на Македонија во писмото од генералниот секретар на асоцијацијата, д-р Рене Салзберг кое во Скопје пристигна кон крајот на јуни годинава.
Во писмото, меѓу другото, Лекарската комора на Македонија е информирана дека Комитетот за врски одлучил на следната пленарна седница да ја предложи Лекарската комора на Македонија за редовен член на ЕФМА и СЗО. Следниот Форум треба да се одржи од 16 до 18 април 2004 година во Дубровник.
Претставници на Лекарската комора на Македонија и досега, меѓутоа како посматрачи, беа поканувани на речиси сите заседанија на Форумот на ЕФМА и СЗО. Последната пленарна седница на Форумот оваа година се одржа во Берлин.