ТРЕТА СЕСИЈА НА ЕТИЧКИОТ КОМИТЕТ
Според обемната и амбициозна програма на Комитетот третата тема треба да ги обработи етичките и легалните аспекти во трансфузионата медицина. Воведничар треба да биде д-р Кочо Димитровски. Како и претходните две трибини се очекува и оваа да предизвика внимание и да привлече голем број заинтересирани за овие области.
Според програмата до летните одмори се предвидува да се одржува месечно по еден состанок. На состаноците треба да се реализа расправа по повеќе теми по принципот еден или неколку медијатори и расправа по проблематиката.