Претседател на ЛКРСМ
Претседателот на Лекарската комора ја претставува и застапува Комората во правниот промет, ги потпишува сите одлуки и акти на Комората, заедно со Заменикот на Претседателот на Комората ги потпишува сите документи од матерјално-финансиско работење, ги свикува и раководи со седниците на Извршниот одбор, управува со работата на стручната служба и се грижи за остварување на соработка со другите комори, здруженија, институции, органи и организации од областа на здравството.
Претседател на ЛКРСМ
Проф. д-р Калина Гривчева Старделова
Визија на Претседателот:
"Лекарската комора посветено и ангажирано работи на заштита на правата, професионалните интереси и интегритетот на докторите и на подигнување на квалитетот на здравствената заштита. Лекарите се една од главните алки во здравствениот систем, кои во обезбедени соодветни услови за работа, ангажирајќи ја целата своја стручност и знаење и почитувајќи ги етичките норми, директно придонесуваат за одржување на јавното здравје и квалитетот на живот. Но, улогата на докторите неопходно е да се интегрира во сите сегменти на системот, како даватели на услуги, но и како активни чинители во креирање, градење и менување на здравствените политики".
Проф. д-р Калина Гривчева - Старделова е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ и дел од Клиниката за гастроентерохепатологија. Со високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во 1987 година, а докторската дисертација ја одбрани во 2014 година со што се стекна со научно звање Доктор на науки од областа гастроентерохепатологија. Во рамките на наставнообразовната дејност на Медицински факултет, Катедра по интерна медицина, изведува настава на студиските програми за медицинари, стоматолози, високи медицински сестри и логопеди.
Поранешни претседатели на Лекарска комора
Проф. д-р Кочо Чакаларовски
мандат: мај 2012 - мај 2017
Проф. д-р Владимир Борозанов
мандат: април 2008 - мај 2012
Проф. д-р Алексеј Дума
мандат: јуни 1992 - април 2008
- Собрание
- Претседател
- Заменик претседател
- Потпретседатели
- Извршен одбор
- Надзорен одбор
- Суд на честа
- Комисии