Организатори на КМЕ
Стручното усовршување го организираат и спроведуваат Македонското лекарско друштво, стручни здруженија членки на Македонското лекарско друштво и други стручни здруженија. Како организатори на разни форми на стручни усовршувања можат да бидат и Министерството за здравство, Медицинските факултети, МАНУ, клиника, институт, здравствена установа и организации од областа на здравството.
Постапка за одобрување и категоризирање на стручни активности за организатори на КМЕ
Лекарската комора врши акредитирање на стручните активности, при што пред оддржување на стручната активност организаторот треба да достави Барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност, комплетирано со потребните документи.
Комисијата за стручни прашања при Лекарската комора по разгледување на барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност, донесува одлука за признавање и категоризација на одредената стручна активност и ги определува бодовите утврдени според Правилникот за КМЕ. Лекарската комора склучува договор со организаторот на стручната активности за уредување на меѓусебните права и обврски.
Потребни документи за организатори на КМЕ: