ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ
Конечно по повеќе обиди, во неколку собраниски свикувања кон крајот на минатата година Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита ги помина сите филтри. Најпрвин текстот на Предлогот Владата го проследи до Собранието. По бурни расправи Комисијата за здравство на законодавниот дом даде зелено светло текстот на Предлог-законот да се најде пред парламентарците.