НОВ ПРОЕКТ ВО ЛКМ?
Овој прокт е во рамките на реформите на здравствениот систем како дел на одговорностите на Лекарската комора на Македонија.
Новиот проект се надоврзува на проектот чии активности во моментов интензивно се одвиваат во Лекарската комора. Проектот, за кој веќе е добиен гранд од Институтот отворено општетство, за изработка односно дизајнирање на регистар на доктори како дел од воведувањето на системот на акредитација во здравствениот систем на Република Македонија. Работите на проектот треба да завршат до крајот на оваа година. Резултат на активностите ќе биде нов систем на регистрација со сите потреби што ќе ги наметнува лиценцирањето и релиценцирањето.
Целта пак, на новиот проект е опфаќањето на клучните целни групи на здравствениот систем на Македонија, разгледување и објаснување на Стратегијата од аголот на интерес на секоја група одделно и иницирање на соодветни подготовки за имплементирање на акредитацијата. Се предвидуваат повеќе активности. Меѓу другото се планира подготовка и издавање на три брошури и организирање на неколку помали и поголеми работилници со докторите од нашата држава.
Доколку Фондацијата одобри средства целиот проект би почнал од средината на оваа и би траел до средината на идната година.