МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА ISMUS 2004
На Конгресот што се одржа од 29 октомври до 3 ноември во Стратворд, Англија, е одлучено следниот конгрес да се одржи во Македонија. Според најавите, Охрид во октомври 2004 година треба да биде домаќин на Конгресот.
Ова е високо признание не само за д-р Поповска, која повеќе години е член на оваа респектабилна меѓународна организација, туку и за Република Македонија. Довербата да се организира вака значаен меѓународен конгрес е големо признание и за македонската медицина.