ИЗБОРНА ГОДИНА
Според Статутот на лекарската комора на Македонија треба да се одржи седница на Собранието на кое ќе бидат распишани изборите и ќе биде избрана нова Изборна комисија. Во општинските организации на Комората се избираат локални раководства и претставници во Собранието на Лекарската комора на Македонија. На седницата на Изборното собрание треба да се изберат претседател на Лекарската комора на Македонија, Надзоред одбор, претседавач на Собранието, членови на Извршниот одбор, претседатели и членови на постојаните комисии, уредувачки одбор и главен и одговорен уредник на "Vox Medici", Комисија за доделување на наградата “Св. Наум Охридски”.
Се очекува на изборните состаноци, почнувајќи од општинските одбори па до Собранието на Лекарската комора да се даде отчет за четиригодишната работа.