Годишно собрание на Лекарската комора на Македонија
НА ВИСИНАТА НА ЗАДАЧИТЕ
На седницата беа презентирани Извештајот за работата на Комората и органите на Комората за период од јуни минатата до јуни оваа година, информацијата за предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и актите на Комората и Извештајот на Надзорниот одбор за материјално- финансиското работење на Лекарската комора на Македонија за 2002 година.
Делегатите на Собранието ја усвоија и годишната пресметка на Лекарската комора на Македонија за 2002 година заедно со Извештајот за финансиското работење како и Финансискиот план за 2003 година.
Образложение по извештајот поднесе претседателот на Лекарската комора на Македонија д-р Алексеј Дума. Во врска со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита говореше потпретседателот на Ивршниот одбор д-р Миодраг Милутиновиќ.
Во врска материјално-финансиското работење, годишната пресметка, извештајот за финансиското работење и финансискиот план за оваа година пред делегатите зборуваше д-р Ленче Пуздерлиска.
Во обемната и содржајна дискусија во која учествуваа повеќето од половината делегати единствен беше ставот дека треба да се интензивираат реформите во здравството а Комората да го добие местото што во тие реформи и припаѓа според искуствата на Европа.