СЕ ПОДГОТВУВА ЦЕНОВНИК НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ
Првиот состанок работната група го одржан на1 април 2004 година.
Комисијата има задача да подготви ценовник на здравствените услуги по усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со Законот, како што е познато е предвидена можност за обавување дополнителна дејност за здравствените работници – докторите специјалисти вработени во здравствени установи што вршат специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита со над седум години работно искуство во специјалноста според лиценцата за работа во установата каде што е вработен или во друга здравствена установа која е регистрирана за истата дејност, најмногу осум часа неделно. Комората, сега како институција со јавни овластувања, почувствува потреба да има свој став во однос на цените на здравствените услуги кои ги определува Фондот за здравствено осигурување.
Изборот на членовите е направен така да има претставници од сите сегменти на здравствените дејности- по два члена од примарната, од секундарно-поликлиничка и од терцијалната здравствена заштита. Во комисијата има членови како од приватното така и од јавното здравство.
Договорено е да се користи актуелниот ценовник за здравствените услуги на Фондот за здравствено осигурување како и материјали добиени од Словенија, Хрватска и Бугарија. Тие, слично на нас работат на спроведување на реформи во здравствениот систем. Како податоци како споредба ќе се анализираат и платите на здравствените работници во овие земји.
Со цел реално да се согледаат моменталните состојби кај нас, побарано е мислење од сите клиники.