ПРИМ. Д-Р СТЕПАН СТОЈКОВСКИ-ДОКТОР НА ГОДИНАТА
ПРИМАРЕН ИНТЕРЕСОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ
Добитникот на наградата “Свети Наум Охридски” е роден 1941 година во селото Витолиште, Мариовско. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се стекнува со специјализација по медицина на трудот. Во текот на 37- годишниот работен стаж поминал на многу докторски задачи. Кариерата ја почнува како доктор по општа медицина во селото Радуша, Рашче. Како специјалист работи во диспанзерот на градежното претпријатие “Илинден”, се до доаѓањето во Поликлиниката Чаир.
Прим. д-р Стојковски долги години е активен во повеќе хуманитарни и други организации каде што е носител на врвни признанија. Покрај повеќето високи одликувања во поранешната СФРЈ, тој е носител и на највисоките признанија на Црвениот крст и Планинарскиот сојуз.
Во својата долга кариера прим. д-р Стојковски инаку е познат по својата несебична работа, за многу коректниот однос кон пациентите и колегите со кои секојдневно соработува.
Заблагодарувајќи се на признанието прим. д-р Стојковски неможејќи да ги сокрие емоциите рече дека во моментот има трема како никогаш досега кога ги добивал признанијата. Притоа истакна дека никогаш не бил толку возбуден и дека најмногу се радува што е добитник на наградата која му ја доделува еснафот, неговите колеги.