ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЧЛЕНКА НА ЕФМА
Покрај обемната тематска работа на Форумот треба да се изберат членови на Извршниот комитет за периодот 2004-2006 година и да се именува и генерален секретар на организацијата.
Покрај Македонија на Форумот во Дубровник нови членки ќе станат и Албанија, Руската медицинска асоцијација и Кипарската медицинска асоцијација.
На крајот се очекува да се избере и местото на одржувањето на следниот Форум за што има многу кандидатури.
На Форумот во Дубровник Лекарската комора на Македонија чија апликација беше прифатена минатата година ќе ја претставува официјална делегација која се очекува да ја води претседателот на ЛКМ, проф. д-р Алексеј Дума.