ДОКТОРИТЕ И НОВИНАРИТЕ ЗА ЕТИКАТА
Ваквите појави, беше речено на состанокот, внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постапка е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е директен притисок врз надлежните институции.
На состанокот беше заклучено дека во иднина нема да се дозволи објавување на имиња пред покренување на обвинение. Исто така, беше договорено да се потпише заеднички меморандум според кој новинарите во медиумите особено во електронските не ќе можат да објавуваат ништо по сопствено наоѓање, нешто за што слушнале без притоа да ги проверат фактите или да разговарат со компетентни личности кои можат да помогнат во одредена ситуација за расветлување на одреден настан или појава.