In Memoriam
IN MEMORIAM Проф. д-р Перко Колевски
Проф. д-р Перко Колевски беше прв министер за здравство, основоположник на имунологијата и трансплатацијата на бубрег, како и директор на Институтот за трансфузиона медицина при Клинички Центар – Скопје. За својот придонес во медицината и науката е добитник на државната награда „11 Октомври” и на Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда.
IN MEMORIAM проф. д-р Анѓелко Ѓорчев
На 72-годишна возраст на клиника во Ниш почина пулмолог Анѓелко Ѓорчев. Проф. д-р Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.
IN MEMORIAM Примариус доктор Петар Ачковски
Вчера на 68-годишна возраст почина примариус доктор Петар Ачковски. Тој целиот работен век го помина како анестезиолог на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.
IN MEMORIAM Проф. д-р Предраг Кировски
Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, поради компликации од Ковид-19 почина проф. д-р Предраг Кировски – невропсихијатар.
IN MEMORIAM: Проф. д-р Александар Шиколе
По кратко и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина професор д-р Александар Шиколе, истакнат македонски нефролог и редовен професор на Катедрата за интерна медицина.
IN MEMORIAM академик Момир Харалампие Поленаковиќ (1939 – 2021)
По кратко боледување на 6 март 2021 година, во 81 година од животот, почина академик Момир Харалампие Поленаковиќ.
IN MEMORIAM Ристе Недановски (1959 – 2021)
По кратко и тешко боледување на 62-годишна возраст, на 4.2.2021 година почина новинарот Ристе Недановски.