IN MEMORIAM Проф. д-р Јовица Угриновски
По тешко боледување на 77 години почина неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски, истакнат лекар, професионалец и експерт во полето во кое работеше, за чии достигнувања зборуваат многу бројните успешни интервенции.
Угриновски беше специјалист неврохирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализзацијата по неврохирургија ја завршил во 1975 година, а завршил и три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981). Магистратурата ја одбранил во 1978 година, а докторатот во 1986 година. Преку својот професионален ангажман придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и шест книги.
Лекарската комора изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството.