01.08.2023
01.08.2023
IN MEMORIAM Примариус д-р Димитар Трпеноски
Почина примариус д-р Димитар Трпеноски, истакнат специјалист хирург. Д-р Трпеноски е роден 1934 година во Вевчани, Струга. По завршување на медицински факултет завршил специјализација во Воено-медицинската академија во Белград и постдипломски студии по хирургија на Медицински факултет во Белград. Професионалниот ангажман како доктор во најголем дел го помина во Медицинскиот центар во Струга.
Д-р Трпеноски на пошироката јавност е познат и како пратеник во првиот состав на повеќепартиското Собрание од 1991 до 1998 година.
Лекарската комора изразува сочувство до семејството.