IN MEMORIAM Прим. д-р Милош Грубовиќ
На 81-годишна возраст почина прим. д-р Милош Грубовиќ, еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во Република Македонија и основоположник на доброволното, анонимно и бесплатно дарување крв.
Својата стручност и професионалност ја покажуваше и ја докажа на повеќе полиња, секогаш на најдобар можен начин исполнувајќи ја Хипократовата заклетва.
За неговите заслуги и постигнати резултати од значење на напредокот на државата, д-р Грубовиќ е одликуван е со Орден на труд со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ, а за својот голем хуманизам и значителен придонес во унапредување на здравството и крводарителствотo ја доби наградата „13 Ноември” од градот Скопје и „21. Јулската награда” на градот Беране, Црна Гора, од каде што потекнуваше. Тој е добитник и на многу други највисоки државни награди и признанија на териториите на бившата Југославија, Македонија и Црна Гора. Со заминувањето на Прим д-р Милош Р. Грубовиќ, Македонија изгуби еден голем професионалец, хуманист и филантроп.
Лекарската комора жали за загубата и изразува длабоко сочувство до семејството.