IN MEMORIAM Доц. д-р Александра Лазарова
Лекарската комора изразува длабоко жалење за прераната смрт на доц. д-р Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Доц. д-р Лазарова е родена 1980 година, во Скопје. Со високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет при УКИМ, каде дипломира во 2004 година, со висок просек како студент на својата генерација. Со работниот ангажман на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство започнува во 2005 година. Специјалистички испит положила во 2010 година, со што се стекнува со звањето специјалист по гинекологија и акушерство, а во 2019 година одбранила и докторска дисертација и се стекнала со научниот степен доктор на науки од научната област гинекологија и акушерство.
Во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ, Медицински факултет, доц. д-р Лазарова изведува настава за студенти по општа медицина и активно учествува во едукацијата на специјализанти. Таа исто учествува и во изработка на научни и стручни трудови кои се публикувани во стручни списанија и презентирани на стручни собири и конгреси во земјава и во странство.
Доц. д-р Лазарова ќе остане запаметена како исклучителен доктор и професионалец, посветен на пациентите но и на соработката со колегите со посебна поддршката за младите лекари. Лекарската комора изразува сочувство до семејството.