04.01.2023
04.01.2023
IN MEMORIAM д-р Вангел Тодоров
На 69-години почина д-р Вангел Тодоров, специјалист педијатар. Медицинскиот факултет го заврши на Универзитетот во Белград, каде на Институтот за мајка и дете специјализира во областа на педијатрија. Д-р Тодоров повеќе од 40 години работеше како лекар и педијатар, а пред 17 години ја основа ПЗУ „Д-р Вангел“.
Тој е добитник е на бројни награди, меѓу кои и наградата 4-Ноември на општина Битола добиена во областа на здравството.
Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата се до последните моменти од неговиот живот.
Лекарска комора на РСМ изразува жалење за големата за загуба на извонреден колега и лекар и изразува сочувство до семејството.