IN MEMORIAM Д-р Ферид Мурад
На 87-годишна возраст почина докторот Ферид Мурад, светски познат лекар и научник, добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина. Д-р Мурад иако живееше и работеше во САД, негуваше блиски и одлични релации со нашата земја поради тоа што неговиот татко потекнува од гоставрска Лакавица.
Во знак на почит кон неговиот лик и дело, болницата во Гостивар го носи неговото име, а во 2018 година Лекарската комора му врачи Благодарница за промоција на медицината. Д-р Мурад бил и член на МАНУ.
Тој предавал на најеминентните универзитети во Америка и пошироко. Во 1998 година, заедно со двајца колеги, ја доби Нобеловата награда за физиологија/медицина за откритија во врска со улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем.
Награден е со титулата „Почесен доктор“ од многу универзитети и престижни меѓународни образовно-научни институции. Исто така, ја има титулата „Doctor Honoris Causa“ од Државниот универзитетот во Тетово.
Д-р Мурад ќе остане запаметен како извонреден доктор и научник, но и исклучителен човек со голема емпатија кон нашата земја. Лекарската комора изразува сочувство до семејството.