Седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија
КОМОРАТА Е ЗА РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
Меѓу другото на седницата членовите на Извршниот одбор беа информирани за добиениот гранд за финансиска помош од ФИОМ во врска со реализацијата на започнатиот процес за реформи во здравството.
Претседателот д-р Алексеј Дума го истакна ставот дека Лекарската комора на Македонија и натаму ќе се залага за реформи во здравствениот систем. Во таа насока треба да се гледаат сите активности на Комората. Сепак, како што истакна д-р Дума за тоа ќе треба да се усвојат измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.
Во таа насока треба да се прифати и аплицирањето на Комората за добивање на средства од Институтот отворено општество на Македонија за да почнат активностите и подготвено да се пречекаат промените особено во областа на лиценцирањето и релиценцирањето на докторите.
Во образложението координаторот на проектот д-р Милена Петровска накусо ги образложи правците во кои ќе се одвиваат активностите. Притоа таа напомена дека проектот ќе трае една година и тоа пред се на неколку работилници и на осовременување на регистарот на доктори кој треба во наредниот период, при лиценцирањето и релиценцирањето, да одигра многу значајна улога.