Во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување
МЕСТО Д-Р СИЛЈАНОВСКИ, Д-Р НАУМОСКИ
Се очекува предлогот на Лекарската комора на Македонија да се најде на дневен ред на Комисијата за прашања на избори и именувања а потоа и на седницата на Собранието.
На седницата на Извршниот одбор беше информиран дека и новиот член, доколку биде избран, треба да се придржува на одредбите на одлуката за изборот и начинот на работа на претставник на Лекарската комора во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Во продолжение ви ја презентираме одлуката на Извршниот одбор.
Врз основа на член 22 од Статутот на Лекарската комора на Македонија, Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на својата седница одржана на 07.11.2002 година ја донесе следната
О Д Л У К А
за изборот и начинот на работа на претставникот на Лекарската комора на Македонија во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија
Член 1
Со оваа одлука, во согласност со Законот за здравствено осигурување (член 55) Лекарската комора на Македонија на Собранието на Република Македонија му предлага член на Управниот одбор за здравствено осигурување (во натамошниот текст: членот). Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија избор на членот го врши со мнозинство гласови.
Член 2
Работата на членот од Лекарската комора на Македонија во Управниот обор е јавна и за неа тој одговара пред Изврниот одбор.
Член 3
Членот во работата на Фондот за здравствено осигурување ги застапува искучиво ставовите и интересеите на членовите на Лекарската комора на Македонија.
Членот не може да го изнесува личниот став по ниедно прашање Кога ќе се јави и таква потреба, членот е должен да побара да се одложи изјаснувањето по одредено прашање со цел да се изград став во Комората.
Член 4
Материјалите за седниците на Управниот одбор членот ги добива на адреса на Лекарската комора на Македонија.
Член 5
Членот е должен за секоја седница на Управниот одбор навремено да информира за прашањата за кои ќе се расправа. Притоа, тој треба да побара мислење за градење на ставовите од органите и телата на Комората во чиј делокруг е прашањето за кое треба да стане збор на седницата на Управниот одбор и од Претседателот на Лекарската комора на Македонија.
По секоја седница на Управниот одбор членот е должен да информира за се она што е расправано на седницата на Управниот одбор. Притоа тој треба да подгови и куса белешка за главните работи за кои станало збор на седницата.
По секоја седница членот во Комората треба да го достави оригиналниот записник од седницата на Управниот одбор.
Член 6
Извршниот одбор може да се формира тело кое во одредени случаи ќе дава мислења, ставови во врска со одредени прашања од делокругот на работењето на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Член 7
Доколку дојде до разијдување на ставовите на членот на Управниот одбор и ставовите на одделни органи и тела во чиј делокруг е одредено прашање арбитрира Извршниот одбор. Ако членот не го прифати ставот на Извршниот одбор тој е должен да поднесе писмена и неотповиклива оставка на функцијата член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. Во спротивно, Извршниот одбор од Собранието на Република Македонија ќе побара негово разрешување.
Член 8
Членот на Лекарската комора во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, потпишува изјава дека ја прифаќа функцијата и ќе ја почитува оваа одлука.
Член 9
Оваа одлука се доставува до членот на Лекарската комора на Македонија на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување и до архивата на Лекарската комора на Македонија.
Член 10
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.