28.03.2003
28.03.2003
ПРЕТСТАВНИК НА ЛКМ ВО ГЕРМАНИЈА
Од 20 до 23 мај 2003 година во Ќелн ќе се одржи редовното 106 Собрание на Лекарската комора на Германија. По правило Лекарската комора на Германија како гости поканува и претставник на Лекарската комора на Македонија.
Покрај тековните работи на Комората се очекува, според програмата која ја доби Лекарската комора на Македонија, да стане збор и за други актуелни прашања кои ќе бидат интересни и за нашата работа.
Меѓу другото треба да се расправа за професионалната заштита, здравствената и социјалната политика во здравството.