28.03.2003
28.03.2003
ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ
На втори април, среда, 2003 година ќе се одржи редовното Годишно собрание на Здружението на приватните лекари на Македонија. Собранието ќе се одржи во просториите на Скопскиот саем во Тркалезната сала со почеток во 12 часот.
Меѓу другото се предвидува да се расправа за активностите на членовите на Управниот одбор во периодот меѓу две собранија и за оние преку Лекарската комора на Македонија. Се очекува членовите на Собранието да бидат информирани за Одлуката на Уставниот суд во врска со правилникот за начинот на плаќање во примарната здравствена заштита. На крајот се предвидува да се утврдат целите и активностите на Здружението на приватните лекари во наредниот период.