28.03.2003
28.03.2003
ОД 4 ДО 7 ЈУНИ ОВАА ГОДИНА ВО ОХРИД
XVI КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ И СТОМАТОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Македонското лекарско друштво објави дека во Охрид од 4 до 7 јуни оваа година ќе се одржи XVI конгрес на лекарите и стоматолозите на Македонија. Според програмата главни теми на Конгресот ќе бидат анемиите; ургентните состојби во медицината и стоматологијата; фактори на ризик во медицината и стоматологијата и судско медицинска експертиза во правната постапка. На крајот е оставен простор и за слободни теми.
Сите информации за Конгресот можат да се добијат во Македонското лекарско друштво, улица “Даме Груев” број 3, 1000 Скопје. На располагање ви се и телефоните ++389 2 162 577 (факс) и ++ 2 239 804, E-mail contact@mld.org.mk i www mld.org.mk.