ВО ОКТОМВРИ 2003 ГОДИНА ВО ОХРИД
ПРВ БАЛКАНСКИ КОНГРЕС ЗА ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА
Организациониот одбор на Конгресот ги посочува и тематските области за кои ќе се расправа. Според роковникот, рокот за пријавување беше 15 февруари 2003 година. Известувањето за прифаќање на учеството и начинот на излагањето ќе биде на 15 март 2003 година.
Меѓу другото треба да има обработени теми за: Ретроспективата на развојот на националните медицини на балканските народи и нивните меѓусебни влијанија; Народната и верската медицина на балканските народи; Епидемии и пандемии во историјата на Балканот; Почетоци на организираното здравство и неговите носители и основоположници; Почетоци и развој на хоспиталната здравствена дејност; Воената медицина во текот на војните на Балканскиот Полуостров; Развојот на социјалната медицина и нејзините придобивки; Развојот на сестринството на Балканот и слободни теми.