Конституиран Етичкиот комитет на ЛКМ
ПРВА ТЕМА ЗА РАСПРАВА- КЛОНИРАЊЕТО
На конститутивната седница беше договорено да се изготви деловник за работа на комитетот. За таа цел беше формирана и работна група. Тие на втората седница го презентираа деловникот кој едногласно беше усвоен од членовите на Комитетот. Во него подетално е разработен начинот на работа на Етичкиот комитет.
На втората седница беа договорени активностите на Етичкиот комитет. Веќе наредниот месец се предвидува да се расправа за клонирањето. Исто така беа набележани и повеќе други теми за кои Комитетот ќе расправа во наредниот период.