ДОКТОРИТЕ НИЗ УМЕТНОСТА-ОСМИ ПАТ
Продолжи традицијата Лекарската комора на Македонија да го одбележува 7. април- Светскиот ден на здравјето со манифестацијата “Докторите низ уметноста”. И оваа година, овој пат во Универзалната сала, докторите од сите специјалности и супспецијалности покажаа и докажаа дека покрај докторската професија во нив “лежи” и по некој уметник.