МИНИСТЕРОТ ДИМОВ ГИ ПРЕДАДЕ ОВЛАСТУВАЊАТА
За време на свеченоста по повод 5 јуни, Денот на формирањето на Лекарската комора, мистерот за здравство проф. д-р Владо Димов на претседателот проф. д-р Алексеј Дума му ги предаде јавните овластувања
За време на свеченоста по повод 5 јуни, Денот на формирањето на Лекарската комора, мистерот за здравство проф. д-р Владо Димов на претседателот проф. д-р Алексеј Дума му ги предаде јавните овластувања
Годинешен лауреат на наградата “Св. Наум Охридски” е д-р Грозде Спасовски вработен во Медицинскиот центар во Крива Паланка. На конкурсот општинските организации на Лекарската комора на Република Македонија предложија шест кандидати.
Претседателот на Владата Владо Бучковски деновиве прими делегација од Лекарската комора на Македонија. Во отсуство на претседателот на ЛКМ, проф. д-р Алесеј Дума кој беше оправдано спречен да присуствува, делегацијата ја предводеше потпретседателот д-р Миодраг Милутиновиќ. Во делегацијата беа и вториот потпретседател д-р Салих Ќерими и претседавачот на Собранието на ЛКМ д-р Страшо Наумоски. На средбата присуствуваше и министерот за здравство д-р Владо Димов.
Во рамките на постојаните активности делегација на Лекарската комора беше примена од министерот за здравство. Делегацијата која во отсуство на претседателот ја сочинуваа двајцата потпретседатели и претседавачот на Собранието, го запозна министерот дека се усвоени правилниците со кои се регулираат јавните овластувања. Овие правилници по потпишувањето од страна на министерот и нивното објавување во “Службен весник на Република Македонија” ќе станат подзаконски акти.
На иницијатива на членовите на Лекарската комора на Македонија, Извршниот одбор на Собранието му предложи усвојување на Декларација. Со овој документ се бара здравството да се изостави од текстот на законот за јавните установи. Главен аргумент беше дека здравството ќе мора да се прифати и да се третира како дејност од посебен општествен интерес. Предложената Декларација членовите на Собранието едногласно ја прифатија.
Деновиве се очекува да почне со работа Комисијата за доделување на наградата “Св. Наум Охридски”. За оваа престижна награда што секоја година, на денот на формирањето 5 јуни ја доделува Лекарската комора на Македонија овој пат има многу малку предлози. До комисијата пристигнаа само четири кандидатури.
Работна група што беше формирана од Извршниот одбор на Лекарската комота на Македонија почнува со организирање средби на кои ќе бидат презентирани размислувањата околу приватизацијата во примарната здравствена заштита. На овие средби што ќе имаат регионален карактер ќе бидат презентирани навестувањата за тоа како ќе се одвива приватизацијата. Меѓутоа, целта на работната група е и да се слушнат и мислењата на докторите од државата за овој процес.
Лекарската комора на Македонија, на 6 април, по девети пат ја одржа традиционалната манифестација со која беше одбележан 7 април-Светскиот ден на здравјето. Место “Докторите низ уметноста” годинава проф. д-р Миодраг Врчаковски се претстави како сценарист и режисер на сценско-музичката претстава “Ах тие доктори”. Присутните, во речиси преполната Универзална сала, долго ќе се сеќаваат на таа априлска вечер во која беа заборавени сите секојдневни грижи. Долгите аплаузи и гласната смеа беа најдобра
На 30 март оваа година Собранието на Лекарската комора на Македонија ја одржа својата втора седница. Таа беше посветена на усвојувањето на правилниците што беа подготвени во Лекарската комора
Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита и пренесените јавни овластувања, Лекарската комора на Македонија, требаше да подготви пет правилници. Врз основа на Законот за здравствена заштита потпис на нив треба да стави министерот за здравство. Според процедурата овие правилници во моментов се наоѓаат на јавна расправа во општинските организации на Лекарската комора на Македонија. По расправата, која патем да речеме побуди значителен интерес, се очекува нова седница
Комисијата за доделување на наградата “Св. Наум Охридски” го распиша годинашниот конкурс за избор на “доктор на годината 2004”. Според условите на конкурсот пријавите што треба да ги поднесуваат општинските одбори на Лекарската комора на Македонија треба да пристигнат најдоцна до 15 февруари 2005 година.
Според тајмингот активности поврзани со проектот “Афирмација на системот на лиценцирање на докторите во Република Македонија” помогнат со донација од Институтот отворено општество Македонија, СОРОС, привршуваат. Останува да излезат од печат англиските верзии на четирите книги кои ги подготви тимот на проектот, постерот и да се одржи седницата на Собранието на Лекарската комора на која ќе треба да се заокружи презентацијата на проектната задача.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња