ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛКМ КАЈ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО
На средбата беа покренати прашањата околу потребата за изземање на докторите од текстот на законот за јавни установи, донесувањето на закон за докторската дејност, просторните и финансиски услови во кои ќе се извршуваат јавните овластувања и слично. Од страна на министерот беше јасно искажана поддршката во напорите што ги презема Комората за старт на задачите што произлегуваат од јавните овластувања. Притоа тој рече дека ќе се заложи да се реализираат барањата на Лекарската комора особено оние со кои би се обезбедило несметано одвивање на работата врз јавните овластувања.
На крајот беше констатирано дека ваквите средби во иднина треба да бидат многу почести особено во ситуација кога Комората доби многу значајни функции.