ЗАВРШУВА ПРОЕКТОТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ
Врз основа на досегашните активности може да се каже дека проектот ги исполни очекувањата. Се одржаа пет регионални средби, во Струмица, во Битола, во Тетово, во Штип и во Скопје. Се одржаа и три презентации во Македонско лекарско друштво, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство. На осумте средби зедоа учество над 500 доктори од целата држава.
Во рамките на проектот во Струмица се одржа и работилница со новинарите од печатените и електронските медиуми од државата кои беа запознати со новините што ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.
На речиси сите презентации евидентен беше интересот да се разбере системот на лиценцирање и продолжување на лиценците, но често беа поставувани и прашања кои беа и надвор од темата на презентациите.