ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛКМ КАЈ ПРЕМИЕРОТ ВЛАДО БУЧКОВСКИ
На средбата премиерот Бучковски беше запознат со активностите што се одвиваат во Лекарската комора на Македонија. Посебен акцент беше ставен на реализацијата на обврските кои произлегоа од јавните овластувања кои ги доби Комората врз основа на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Притоа од страна на претставниците на Лекарската комора беа потенцирани просторните и финансиските проблеми со кои ќе се соочи Комората ако сака квалитетно да ги извршува јавните овластувања. Во разговорите беше дадено ветување дека овие проблеми ќе мора многу брзо да се решат.
Премиерот Бучковски беше информиран и за причините заради кои Собранието на ЛКМ, до него и до повеќе државни органи, институции и поединци ја испрати Декларацијата со која бара изземање на здравството од текстот на законот за јавни установи кој е во подготовка и за потребата од донесување закон за докторската дејност.