“СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” ЗА Д-Р ГРОЗДЕ СПАСОВСКИ
Одлуката на Комисијата на свеченоста по повод 5 јуни- Денот на Комората ја соопшти претседателот д-р Светлана Нешоска Николоска. Наградата ја врачи претседателот на Лекарската комора на Република Македонија проф. Д-р Алексеј Дума.
Во биографијата на д-р Грозде Спасовски е запишано дека е роден 1950 година во селото Баштево, Крива Паланка. Средно образование завршува во Крива Паланка. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје за рекордни пет и пол години. Веднаш се вработува во Медицинскиот центар во Крива Паланка како секундарец на хируршкото одделение, паралелно работејќи како лекар од општа практика. Во 1986 година специјализира и работи како специјалист по општа хирургија. Бидејќи на ова подрачје единствено тој е хирург, неговото работно време е 24 часа, или со непишана приправност. Крива Паланка како сообраќајно многу фреквентно место, непосредно пред меѓудржавен премин, место одалечено со десетици километри до Куманово и Скопје, тој многу често, се наоѓа на лице место на сообраќајни и други несреќи каде мора да работи сам и сам да донесува брзи одлуки за кои понесува комплетна одговорност. Безброј пати, како единствен хирург во Крива Паланка и околината, морал итно хируршки да интервенира и да го подготви пациентот безбедно да биде транспортиран до првата подобро опремена болница.