ВО ЈАНУАРИ СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО
Според процедурата овие правилници во моментов се наоѓаат на јавна расправа во општинските организации на Лекарската комора на Македонија.
По расправата, која патем да речеме побуди значителен интерес, се очекува нова седница на Извршниот одбор кој треба да направи сумирање на забелешките и да ги подготви конечните текстови на правилниците. Нивните кондчни верзии ќе се најдат на седница на Собранието на Лекарската комора на Македонија.
Според тајмингот се очекува овие активности да продолжат во текот на јануари 2005 година кога се очекува да се одржи седница на Собранието на која треба да бидат усвоени сите правилници. Со потписот на министерот тие ќе станат подзаконски акти со што и официјално Лекарската комора на Македонија ќе почне со имплементација на изменетиот текст на Законот за здравствена заштита, или поточно со практицирање на јавните овластувања.
Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита и нивната примена во практиката почнува нова фаза во функционирањето на Лекарската комора на Македонија.