ПРИВАТИЗАЦИЈА ВО ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Во презентациите, врз основа на интересот, се очекува големо присуство на доктори кои работат во примарната здравствена заштита кои се животно заинтересирани како ќе се одвива тој процес.
Се превидува да се одржат четири регионални средби во Битола, Тетово, Штип и Скопје. На овие средби присутните ќе можат да пополнат и анкетни ливчиња со кои ќе ги искажат своите ставови. Врз основа на нив и Лекарската комора на Македонија ќе ги гради сопствените ставови кога ќе почне со официјална расправа за трансформација на примарната здравствена заштита во нашата држава.