МИНИСТЕРОТ ДИМОВ ГИ ПРЕДАДЕ ОВЛАСТУВАЊАТА
На овој начин почна имплементацијата на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита усвоен на почетокот на минатата година.
За време на свеченоста говореа министерот за здравство проф. д-р Владо Димов и претседателот на Лекарската комора на Македонија птоф. д-р Алексеј Дума. Министерот во своето ислагање ја потенцираше големата одговорност на Комората при реализацијата на јавните овластувања. Притоа тој рече дека очекува во иднина овие процеси, како дел од реформите во здравството да отворат нова страница во заложбите за добрата докторска практика. Проф. д-р Дума истакна дека во Комората има капацитет да се одговори на овие сложени и одговорни задачи.
Почитајте ја целата вест тука