НА 11 ЈУНИ ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ГОДИНИ НА ПОСТОЈАНО ДОКАЖУВАЊЕ
На 11 јуни во Клубот на пратениците во Скопје на свечен начин беше обележана 15. годишнината на Лекарската комора на Македонија. На свеченоста покрај другите присуствуваа деканот на Медицинскиот факултет проф. д-р Магдалена Жантева Наумоска и претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Јован Тофоски. Во подолгиот, инспиративен, на моменти и емотивен говор претседателот на Лекарската комора на Македонија проф. д-р Алексеј Дума говореше за се она што се случува во здравството и за сит





