СООПШТЕНИЕ ЗА КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
Во Лекарската комора на Македонија по пријавувањето на стручниот собир тој се акредитира, се утврдуваат бодовите и на организаторот му се доставува решение за акредитацијата и за бројот на бодовите.
Ова соопштение е намането за сите оние кои деновиве доаѓаат, или имаат намера да дојдат во Комората, за да бараат стручната служба да ми ги впише бодовите. Тоа наводно им било кажано од организаторите на стручните собири. Треба да внимавате-бодовите задолжително ги внесува организаторот на собирот по претходно добиената акредитација. Комората не е овластена за впишување на бодовите во сертификатите. Често пати во Комората се констатира дека некои од стручните собири организаторот не ги пријавил што претпоставува дека за нив не се добиваат кредити, односно бодови.
Токму од овие причини, побарајте точни информации од организаторот, календарот за стручно усовршување што го објавува “Vox Medici” или од Веб-страницата на Комората www.lkm.org.mk