КОНКУРСИ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА ОРДИНАЦИИ И ДОКТОРИ
Исто така се распишува конкурс и за членови на комисиите за полагање на државниот испит. Преку конкурсот се бараат нови испитувачи кои треба да ја надоплонат постојната листа. Со конкурсот се бараат доктори специјалисти од областа на хирургија и гинекологија и акушерство.
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
распишува
К О Н К У Р С
Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.10/04) Лекарската комора доби јавни овластувања. Едно од тие овластувања е спроведување на стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање основна лиценца. За спроведување на стручниот испит, поточно за реализацијата на практичниот дел од испитот – проверката на практични ве{тини потребно е да се обезбедат ординации од примарна здравствена за{тита. За таа цел, Комората почнува со акредитирање ординации каде во испитните сесии докторите на медицина ќе го полагаат практичниот дел од стручниот испит.
Ординациите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1.Просторни услови и медицинска опрема утврдени со Правилникот за поблиските просторни услови, опрема и кадар за основање и работење на здравствените организации и
2.Обезбедување пациенти кои со своја изјава ќе се сложат да бидат прегледани од кадидатот кој го полага стручниот испит.
Документот со кој се докажува исполнувањето на критериумот од точката 1 е решението издадено од Министерството за здравство со кое се утврдува дека ординацијата ги исполнува просторните услови и медицинската опрема за вршење на примарна здравствена заштита.
Фотокопија од документот треба да се достави до Лекарска комора на Република Македонија (Комисија за стручни прашања) најдоцна до15. 04.2007 година на адреса улица „Народен фронт” број 21, 1000 Скопје.
Врз основа на Одлуката на Собранието на Лекарската комора на Македонија за користење на ординациите се исплатува надомест.
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
распишува
К О Н К У Р С
Врз основа на Измените и дополнувањата на Законот за здравствена за{тита (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/04) Лекарската комора доби јавни овластувања. Едно од нив е спроведување на стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање основна лиценца. За таа цел, Комората оформи список за испитувачи од кои се формираат комисии пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит. Списокот за акредитирани испитувачи потребно е да се дополни со нови испитувачи од следните области: хирургија и гинекологија и акушерство.
Докторите што ќе учествуваат на конкурсот треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1. Поседување валидна лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Република Македонија;
2. Доказ за тимска работа
потврда за учество во
- проекти
- учество во стручни или научни колегиуми односно одбори во институции, здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и во други форми на стручно или научно усовршување и
3. Доказ за искуство во настава и/ или оценување.
Фотокопиите од наведените документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Македонија (Комисија за стручни прашања) најдоцна до 15. 04. 2007 година на адреса улица “Народен фронт” број 21 Скопје.