СТРУЧЕН ИСПИТ ЈУНСКИ РОК
Пријавувањето на кандидатите е од 14 до 18 мај 2007 година.
Испитот кој трае три дена ќе се полага од 25 до 28 јуни 2007 година.
За пријавување на стручниот испит покрај пријавата која можете да ја добиете во лекарската комора на Македонија треба да се достави:
- оверен препис или оверена копија за завршен медицински факултет
- приправничка книшка пополнета и оверена според Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж и
- уплатница за полагање на стручниот испит на жиро-сметка на Лекарска комора на Република Македонија (2000000114640-34 АД Стопанска банка-Скопје) во согласност со Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценците.