20.03.2007
20.03.2007
НАГРАДА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
ПРИСТИГНАА САМО ТРИ ПРЕДЛОЗИ
На 15 февруари заврши рокот за пријавување на кандидатите за наградата “Св. Наум Охридски” за 2006 година. Како и секоја година конкурсот за доделување на наградата беше објавен во гласилото на Лекарската комора на Република Македонија, на ВЕБ-страницата на комората. Исто така до сите претседатели на општинските одбори беше испратена копија од конкурсот заради одлуката за предлагање на кандидати.
До предвидениот рок, до Лекарската комора на Република Македонија пристигнаа само три предлози.
Кандидати за наградата поднесоа општинските одбори на Македонски брод, Делчево и Штип.
Комисијата за наградата наскоро треба да го одржи првиот состанок на кој ќе се договорат активностите околу изборот на “Доктор на годината”.